Манчестер Сити е чекор поблиску до титулата во Премиер Лигата. “Граѓаните“ на гостување кај Њукалс забележаа победа од 2-0. Стрелец на двата погодоци беше Јаја Туре.

Манчестер Јунајтед го задржа одот со градскиот ривал Сити. “Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд со 2-0 го совладаа Свонси. Избраниците на Фергусон, прашањето околу победникот го решија во првиот дел со головите на Сколс и Јанг.

Резултати : Њукалс – Мен Сити 0-2, Мен Ју – Свонси 2-0, Астон Вила – Тотенхем 1-1, Фулам Сандерленд 2-1, КПР – Стоук 1-0, Волфс – Евертон 0-0, Болтон – ВБА 2-2.

Табела: Мен Сити 86, Мен Ју 86, Арсенал 67, Тотенхем 66, Њукасл 65. . .

Мх.П.