
Воедно ова СЈО поднесе барање за изземање на судија, бидејќи постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори, се вели во соопштението. Инаку оваа судијка се спомнува во еден од разговорите од таканаречените „бомби“ на опозицијата.
СЈО претходно информираше дека не постоја законски пречки судската служба да евидентира и прима класифицирани информации и дека согласно законот секој орган кој работи со класифицирани информации треба да обезбеди административни и човечки ресурси за работа со класифицирани информации.
OhridNews











