Специјалното јавно обвинителство денеска треба да го објави вториот извештај за својата работа во изминатите шест месеци. Согласно законот, СЈО извештајот го доставува до Советот на јавни обвинители и до Собранието, кое се уште не е конституирано.

Минатата година, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го образложуваше извештајот во Собранието и одговараше на пратенички прашања. СЈО има законска обврска да достави извештај, но не и да го образложува.