Специјалното jавно oбвинителство денеска најави дека ќе отвори нова истрага наречена „Тортура“. На прес конференцијата, која се уште е во тек, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека случајот „Тортура“ се однесува на на начинот на апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски.

-Предмет на оваа истрага е начинот на кој е извршено апсењето на Љубе Бошковски, рече Јанева.

На денешната прес конференција, јавната обвинителка истакна дека Специјалното јавно обвинителство ги презема и Предметите „Пуч“-случајот за поранешниот прв разузнавач, Зоран Верушевски, како и случајот за Маѓар Телеком.

Како што рече Јанева, предметите се во согласност со Законот за СЈО и содржината на овие предмети се однесуваат на надлежноста на СЈО за недозволено следење комуникации.

OhridNews