Обвинителите на СЈО Гаврил Бубевски и Артан Ајро, пред судиите на Кривичниот совет ги повториле барањата, за определување мерка притвор, за бизнисменот Сеад Кочан.
Еден од наодите, поради кој не отстапуваат од барањето Кочан да биде притворен е фактот дека „Трансмет“ сè уште добива тендери од државата и тоа е околност која укажува на фактот дека може да го повтори делото.

Адвокатот на одбраната, пак, Никола Додевски, изјави дека е понудена екстремно висока гаранција за слободата на Кочан, од 1 милион евра и очекува Кривичниот совет да ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка и да не му определи притвор на Кочан.

Истекува рокот од 48 часа во кој судот конечно треба да одличи дали бизнименот ќе остане на слобода.

OhridNews
извор Макфакс