Четири сета мерки содржи Нацрт стратегијата за реформи во правосудниот сектор со акциски план, која беше претставена вчера во Охрид. Првиот предвидува поништување на целиот процес на лустрација и мерки за елиминирање на злоупотребите при изборот, оценувањето и разрешувањето на судиите и јавните обвинители и распределбата на предмети, како и подобрување на условите за работа судиите и судските службеници. Вториот сет мерки се однесува на унапредување на квакитетот на институциите во правосудниот сектор, додека третиот предвидува мерки за подобрување на одговорноста и отчетноста. Последниот сет мерки се однесува на подобрување на ефикасноста и транспарентноста, како и засилување на позицијата на СЈО во рамки на Јавното обвинителство.
-Надлежноста на СЈО треба да се прошири за да ги опфати сите инстанци на таканаречен “white collar crime” – кривични дела со висок профил на корупција и треба да се репозиционира такашто ќе може да ги гони сите минати, сегашни и идни политики елити. – рече проф. д-р Ана Павловска Данева – Претседател на работната група за изготвување на Нацрт стратегијата за реформи во правосудниот сектор.
Со реформите се опфатени и Советот на јавни обвинители и Судскиот совет каде е предвидено воведување на методологија за мерење на ефикасноста на судството согласно меѓународните стандарди и воедначување на формата на нивните годишни извештаи.
-Работиме на конкретни законски измени како што се донесување на закон со којшто во целост ќе го ставиме вон сила сегашниот законот за совет за утврдување на факти и дисциплинска одговорност на судии. Паралелно на тоа веќе сме изготвиле и предлог закон за измени и дополнување на законот за Судски совет каде што ќе ги вератиме надлежностите во судскиот совет во однос на дисциплинските постапки. – истакна Билен Сељији – Министер за правда.
Нацрт стратегијата за реформи во правосудниот систем е дел од владиниот план 3-6-9, и ќе се реализира во период од пет години. Истата ќе биде јавно објавена на веб страницата на министертвото за правда и во единствениот национален електронски регистар во наредните 20 дена, период во кој стручната јавност ќе може да предлага измени и дополнувања, а предлагачот најави дека во процесот на изготвување на финалниот документ планира да ја вклучи и опозцијата.
Г.М.












