Специјалното јавно обвинителство од вкупно 36 предмети презеде 34 предмети, меѓу кои и случајот „Пуч“, предмет во којшто е обвинет лидерот на опозицијата Зоран Заев.
За предметите „Монструм“, односно масакрот кај Смилковското езеро, „Дива населба“, инцидентите во Куманово во кој загинаа осуммина полицајци“ и за случајот „Ровер“, во којшто е обвинет поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, ќе се одлучува дополнително откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа.
Одбраната во случајот „Ровер“ доставила одредени материјали до новото Обвинителство кои се уште се предмет на разгледување и анализа,, а во понеделник примиле вакви барања и за случаите „Дива населба“ и „Шпион“.
Од вкупниот број предмети над кои Специјалното обвинителство воспостави стварна надлежност 16 предмети се поврзани со изборните нерегуларности,
Во текот на денешниот ден Обвинителството ќе побара од Заев да им ги достави материјалите од незаконски следените комуникации.
Јавното обвинителство ги добило сите барани истражители и во овој момент вкупниот број на истражители е 13.
„По однос на Законот за јавнообвинителската служба на ова Јавно обвинителство, Ве известуваме дека не добивме одговор од ниту една од институциите до кои што поднесовме барање за информации, поради што во моментов ги разгледуваме законските можности за наше натамошно постапување“, соопштуваат од СЈО.
OhridNews
Извор:„Макфакс“