Специјалното јавно обвинителство (СЈО), денеска ќе го презентира вториот шестмесечен извештај од работата на оваа институција. За преттпладнево во седиштето на СЈО во Скопје најавена е пресконференција на која ќе се обрати специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со претставници на нејзиниот тим.

Во едногодишната работа СЈО отвори повеќе предмети за наводни криминални злоупотреби на претставници на власта, но се уште не е покренат ниту еден обвинителен акт. Според најавите тоа треба да се случи оваа есен. Исто така се очекува Уставниот суд на РМ да се изјасни по однос на иницијативата за уставноста на формирањето на СЈО.

OhridNews