Специјалното јавно обвинителство отвори две нови истраги, информираа денес од СЈО. Во краткото соопштение на интернет страницата на СЈО е најавена прес-конференција којашто ќе се одржи во четврток, на којашто ќе бидат презентирани истрагите.

Специјалното јавно обвинителство досега има поднесено две обвиненија, едното обвинение за насилните протести пред општина Центар, каде првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанкиески кои се товарат за поттикнување на насилство. Другото обвинение е покренато за уништување на документи за работата на Системите за следење на комуникациите, а првообвинет за ова е шефот на петтата управа, Горан Грујевски. Отворени се голем број истражни и предистражни дејствија за многу случаи, но досега никој од функционерите не заврши во притвор, освен битолскиот градоначалник, Владимир Талески кој беше во куќен притвор.

OhridNews