Специјалното јавно обвинителство поднесе барање за изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, при одлучувањето за притворот за бизнисменот Сеад Кочан.

Барањето СЈО го поднесе, бидејќи Вангеловски е опфатен во јавно објавените телефонски разговори и тоа во период, кога ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд.

„Во согласност со препораките на Европскиот суд за човекови права, непристрасноста на судот е една од основните гаранции на правото на правично судење, така што секое сомнение за пристраснот треба да биде отстрането“, се вели во соопштението на СЈО.

OhridNews