Со Решение на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, уважена е несогласноста која судијата на претходна постапка ја дал во врска со барањето на СЈО за издавање наредба за пребарување на компјутерски системи и компјутерски податоци, информираат од СЈО.

– Во образложението Кривичниот совет наведува дека наредбата е нејасна, непрецизна и општа и дека не е наведено прецизно одреденото место или опис каде ќе се изврши претресот, без да биде наведена адресата, конкретниот сектор или оддел во компанијата, ниту е наведен конкретен опис на видот и карактерот на уредите – компјутери, велат од СЈО.

Оттаму, со појаснување дека во барањето за издавање наредба за претрес наведен е називот на системите, односно носителите на податоци, наведено е конкретно кои податоци се бараат и од кој телекомуникациски оператор конкретно. Сепак, во насока на постапување по забелешките на Судот, упатено е барање до телекомуникацискиот оператор за итно обезбедување на податоците кои според наоѓањето на Судот се неопходни за издавање на наредба за пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци.