Денеска Специјалното јавно обвинителство поднесе барања до Судот за обезбедување на имот поврзан со предметите „Триста“ и „Талир“.

Во врска со предметот „Триста“, откако е пријавено имотно – правно побарување на од страна на оштетено лице, побарано е да се изрече забрана за отуѓување и оптоварување на имот. Имено, до Судот е поднесен предлог за определеување привремена мерка за обезбедување на имотноправно барање и тоа: забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на осомничениот, информира СЈО.

Во предлогот до Судот наведено е точно за кој и каков имот се работи.

Во врска со предметот „Талир“ поднесено е ново барање до Судот за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување и оптоварување на дел од недвижен имот кој потекнува од извршено кривично дело, при што во предвид се земени укажувањата на Судот искажани во одлуките со кои беа одбиени првичните барања за обезбедување на имот.

Kако што соопшти СЈО на прес конференцијата одржана на 22ри мај, случајот „Талир“ се однесува на незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Според СЈО Постои основано сомнение дека и покрај тоа што на првоосомничениот како претседател на политичката партија му биле добро познати законските ограничувања, сепак тој во периодот од 2009 до крајот на 2015 година овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби, при што мотивите на делување на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа и биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и обезбедување на целосна контрола над политичката партија.

Инаку денеска во СЈО на расит се јави бизнисменот Сеат Кочан кој е осомничен во предметот „Труст“ кој се однесува на проневера во тендерска постапка тешка 17 милиони евра.

OhridNews