„Трезор“ е најновиот предмет на Специјалното јавно обвинителство што го објави денеска, а се однесува на економски криминал кој произлегува од прислушуваните материјали.
Обвинителката Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција информира дека овој предмет се однесува на груба злоупотреба на средствата од Буџетот на Република Македонија од страна на три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи.
Како што рече обвинителката Фетаи, тие го оштетиле Буџетот на РМ за 862.042 евра во корист на правното лице Финзи ДООЕЛ Скопје.
Ова е шести предмет на СЈО. Досега беа отворени пет истражни постапки „Титаник“, „Тортура“, „ТНТ“, „Тврдина“ и „Транспортер“, а беа поднесени и две обвиненија.
OhridNews
Фото:МКД