Специјалното јавно обвинителство влезе во Македонски телеком. Тимот на чело со специјалната обвинителка, Ленче Ристовска попладнево влезе во управната зграда. СЈО ја потврди информацијата и најави подетални информации откако ќе заврши посетата на специјалните обвинители.

Кривичниот суд досега четири пати одбиваше да даде судски налог за претрес на системите на најголемиот телекомуникациски оператор во земјава.

OhridNews
извор Макфакс