Селекторот на аргентинската репрезентација Лионел Скалони изјави дали напаѓачот Лионел Меси е подготвен да учествува на утрешниот натпревар од 3. коло од јужноамериканската квалификациска фаза за Светското првенство 2026 со Парагвај.

Имаме уште тренинзи пред натпреварот со Парагвај, ова е важно за Лео. Внимателно го следиме. Ќе имаме уште време да разговараме дали Меси ќе биде подготвен за настап. Треба да видеме како ќе се чувствува. Пет дена по натпреварот со Парагвај ќе имаме средба со Перу. Она што ме смирува е дека ако Лео не е во форма, кој и да биде на теренот на негово место, ќе си ја исполни задачата. Ова е најважно, изјави Скалони за официјалната веб-страница на Аргентинската фудбалска асоцијација.

Со оглед на тоа што Интер Мајами не избори пласман во плејофот на МЛС-лигата, на Меси до февруари му остануваат само натпреварите со репрезентацијата.

Оваа сезона Аргентинецот одигра 13 натпревари за Интер Мајами, постигнувајќи 11 гола и пет асистенции.

OhridNews