На дискусијата, на која првично било предвидено да учествуваат новинарите Борјан Јовановски, Тања Милевска, Билјана Секуловска и Слободанка Јовановска, како и европратениците Јоргос Шацимаркакис и Јелко Кацин, збор сакале да земат и новинарите Бобан Нонковиќ, Миленко Неделковски и Мирка Велиновска.
Поради ова дошло до судир меѓу втората група новинари и Шацимаркакис, по што биле отстранети од салата. Според дел од нив, Шацимаркакис се обратил со погрдни зборови.
„Додека излегувавме Шацимаркакис ни се обрати со зборот „Малака“. Сите знаете што значи тој збор на грчки. Имаше камери тука, се надевам дека тој настан е регистриран“, изјави Миленко Неделковски за Канал 5.
извор: „Макфакс“












