На 14-та етапа од велосипедската трка Тур де Франс морала да биде повикана и полиција, откако на патот биле фрлени шајки.

Директорот на трката Жан Франсоа Пешо изјави дека шајките биле растурени во должина од еден километар и дека биле слични на оние што се користат во душеците.

„На чело на трката се наоѓаа 50 велосипедисти. Триесет од нив завршија со дупнати гуми. Некои завршија со три до четири шајки во гумите. Не знаеме кој го направил тоа. Никој не видел ништо“, рече Пешо

“макфакс“