Фановите на Панатинаикос, вината за поразот на својот клуб од Барселона (92-81) во дербито на колото во Евролигата ја најдоа кај судиите и нивното делење на правдата.

Судиската тројка (Лујџи Ламоника, Дамир Јавор и Емин Мулкоч) заедно со делегатот нападните биле во таксито кое ги превезувало од салата до хотелот. Навивачите успеале да го запрат таксито и да ја отворат вратата. Најлошо поминал Ламоника, кој завршил во болница.

Грчката полиција го истражува инцидентот, а хотелот во кој беа сместени судиите и делегатот бил под полицското озбебувањето во текот на целата вечер.

Ваквите пропусти и испади не се чести во Евролигата, но сепак се загрижувачки бидејќи се работи за најреномирано кошаркарскот натпреварување во Европа. Панатинакос сигурно ќе биде санкциониран за непопуларниот потег на навивачите.

OhridNews