Ужасни сцени доаѓаат од Лондон откако фудбалерот на Арсенал, Месут Озил беше нападнат со ножеви од две лица кои се обиделе да го ограбат германскиот репрезентативец.

При цела ситуација Озил имал голема среќа затоа што на совозачкото седиште го имал Сеад Колашинац, кој воопшто не се уплашил и им се спротиставил на крадците кои избегале веднаш од лице местото.

Инцидентот го потврди и клубот од Емирати, кој објави дека двајцата фудбалери се во најдобар ред и не се повредени.

OhridNews