Free Spirit Day – Скејт натпревар во сабота во рамки на летната програма на „КИ 5 до 12“. Натпреварот стартува во 18:00ч, а учесниците требат да дојдат од 17:00 часот за загревање во Скејт парк Охрид,.

Ги покануваме сите скејтери да се пријават за скејт натпреварот, а ги покануваме и сите љубители на урбаното и алтернативното на журка со Selector Tome Rootboy, Mamut & Xajka!  Сите заинтересирани за натпреварот треба да се пријавата на новата пријавата https://forms.gle/ebDYrmFt3QwdQrsdA, велат од „КИ 5 до 12“.

Организаторите напоменуваат дека пријавувањето е задолжително на електронската пријава, за време на настанот нема пријавување!

Бројот на учесници е ограничен, а пријавените ќе се натпреваруваат во три категории:
– момци до 16 години,
– девојки до 16 години,
– момци и девојки од 17 години и нагоре.

Наградите се овозможени од Drop In Skopje, error kolektiv, SKR, КИ 5 до 12: скејтборд даски, маици, лагери, дукс итн.

OhridNews