Екипата на Бока Јуниорс не успеа да стигне до трофејот во Копа Либертадорес, откако во реваншот кој се одигра на мадридскиот стадион „Сантија Бернабеу“ претрпе пораз од Ривер Плата 3-1 после дополнителните триесет минути.

Дербито, познато како „Супер класико“ ги исполни сите очекувања понудувајќи атомоски фудбал, надополнет со аргентинската врела крв и пасија за фудбалот. Бока поведе со 1-0 во првото полувреме, Ривер изедначи во второто и победникот се одлучуваше во продолженија. Бока на стартот остана со фудбалер помалку,  а Ривер ја искористи бројчаната предност и со два погодоци стигна до трофејот.

  • Единствено ми е криво за навивачите за кои Бока Јуниорс живот значи. Сакам да им честитам на моите играчи за начинот на кој играа во регуларниот дел, а и продолжението подоцна. Им честитам и на играчите од Ривер Плата кои стигнаа до титулата. – изјави тренерот на Бока, Гиљермо Барош Скелото.

Реваншот од финалето во Копа Либертадорес имаше непосакуван вовед. Мечот беше одложуван два пати поради нападот на клупскиот автобус на Бока Јунирос, а се одигра во Мадрид.

  • Од оваа финална битка мора да научиме многу. Некогаш ми се чини дека сме непопраливи, но за доброто на сите тоа мора да се промени. Ако вакво финале се повтори за некоја година треба да помине во фер и коректна атмосфера, а не во напад на клупски автобус, навивачи и сите немили сцени кои се случија. – сумираше Скелото.

Ривер Плата ја освои четвртата титула во Копа Либертадорес, додека Бока Јунирос го претрпе петтиот пораз во финалињата.

OhridNews

Магична ноќ во Мадрид, Ривер Плата шампион во Копа Либертадорес ! (видео)