Селекторот Васко Скендеровски очекува добар настап и освојување на првото место во групата: – Не очекуваат три исклучиво силни натпревари. Најголем конкурент за освојување на првото место е Грузија, иако и Англија не е противник за потценување. Мораме ако сакаме да постигнеме успех одговорно да влеземе во сите три средби, затоа што ова ни е голема шанса да се вратиме во европскиот фудбалски крем каде ни е и местото.



Според селекторот, еден гол, еден момент може да го одлучи победникот. Нашиот тим е пдоготвен да одговори на предизвикот и максимално е подготвен за тунирот.

– На стартот против Англија очекувам тежок натпревар бидејќи англичаните доаѓаат во многу посилен состав од оној од пред неколку месеци кога одигравме две пријателски средби и забележавме победи. Секоја грешка, секој гол може да биде решавачки за конечниот пласман и затоа ќе ни биде потребна максимална концентрација за успех- завршува Скендеровски.

Ohridnews