Македонската фудбалска репрезентација ја оствари целта на претквалификацискиот турнир за ЕП во Хрватска и со три победи против Англија, Естонија и Грузија се пласира на квалификацискиот турнир во Полска кој ќе се одржи од 24-27 февруари.


Селекторот Васко Скендеровски како решавачка за синоќешниот триумф против грузијците ја посочи добрата игра во одбраната: – Знаев дека не чека тежок противник, силна динамична селекција, но направивме добра анализа на играта на Грузија и со одлична тактика дојдовме до целта. Среќа за нас што многу рано го отворивме резултатот бидејќи само победата не носеше на првата позиција. Потоа продолживме со одлична игра во дефанзива, всушност се покажа дека одбраната е столбот на нашата игра. Во вистински момент дојде и вториот гол но сепак натпреварот беше неизвесен и динамичен до самиот крај. Грузија искористи едно наше невнимание но немаше време да го израмни резултатот.


Сега веќе размислуваме за Полска каде покрај домаќинот не очекуваат европскиот вицепрвак Португалија и Белорусија. Португалците се апсолутни фаворити и нам ни останува да се бориме за второто место кое исто така води на ЕП во Хрватска со екипите на Полска и Белорусија. Мислам дека шансите ни се реални доколку успееме да се докомплетираме со 1-2 играчи со што ќе го зголеми потенцијалот на овој тим кој го краси хармонија и големо другарство.


Според правилата на УЕФА во квалификациите се формираат 6 групи од кои првопласираните селекции заедно со 5-те најдобро второпласирани ќе патуваат за Хрватска.

Пред средбата со Грузија, генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер му врачи пригодна плакета на репрезентативниот голман Мирослав Тодоровски по повод 50-тиот натпревар во националниот футсал тим.

“извор ФФМ“
Ohridnews