На неа присуствувал претставник на НП „Галичица“, кој го информирал владиниот тим за подготовките за изградба на една мерна станица која ќе се користи за добивање податоци потребни за изработка на физибилити студијата, која ќе овозможи реализација на проектот. За таа цел јавната установа НП „Галичица“ и Управата за хидрометереолошки работи треба да ги извршат обврските во однос на доградба на предвидената мерна станица.
Инаку, проектот за изградба на ски центар на Галичица е актуелен повеќе години. Пред неколлку месеци идејата отворено ја подржаа бизнис заедницата и туристичките работници од Охрид, кои искажаа интерес да се вклучат во реализацијата на овој амбициозен проект.