Општина Вевчани, со нови туристички понуди ќе ги привлкеува гостите кои од година во година се се побројни.Тениските терени се подготвени, во изградба е и современа спортска сала во чии рамки ќе има и теретана и сауна, а од неодамна гостите имаат можност да ги користат и услугите од засега единствениот Коњички клуб во регионов.


За потребите на Коњичкиот клуб купени се околу 6000 метри квадратни земја. Засега клубот располага со осум коњи, но во план е нивниот број да се зголемува, вели градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски.

Градоначалникот на Вевчани информира дека се вршат подготовки и за изработка на проект за изградба на жичара и скијачки терени на планината Јабланица, на над 2000 метри надморска височина.


 
Скијачките терени би се изградиле кај двете езера , кај врвот Црн камен, каде има прекрасни површини и снег до месец мај. Неодамна престојуваа и претставници од Македонскиот центар за меѓународна соработка, кои беа воодушевени од локацијата. Најпрво ќе пристапиме кон изработка на проект, а потоа веднаш ќе се бараат инвеститори. Ќе направиме поубави скијачки терени и од оние во Банско, вели  Угриноски. 

Предвидена е и изградба на Видиковец кај неодамна поставениот 25 метри висок Крст, ќе с егради Музеј на вевчанските маски и уште многу други содржини кои би го привлекле вниманието на гостите.

– Вевчани нуди природни убавини, традиционална храна и домашно вино и гостопримство, но не е доволно гостите само да го посетуваат Вевчани, туку целта е тие да престојуваат што подолго време, вели градоначалникот на општина Вевчани.

Т. Кувенџиска