Македонската фудбалска репрезентација забележа голем напредок од 32 позиции на најновата рејтинг листа од ФИФА и сега наоѓа на 103-то место во светскиот фудбал.
„Црвено жолтите“ напредуваа благодарание на победата над Израел (1-0) и ремито со Албанија (1-1) во Струмица во рамките од квалификациите за Мундијалот во Русија.
Ваквиот скок сигурно ќе биде мотив повеќе за селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници кои покажаа дека знаат и умеат да играат добар фудбал и да носат добри резултати.
Во ТОП 5 по подолго време има промени. Германија го презеде првото место од Аргентина која падна на 4-та позиција. На второто и третото место се наоѓаат Бразил и Португалија, а првата петторка ја комплетира селекцијата на Белгија.
OhridNews