Македонската фудбалска селекција по победата над Данска 3-0 ќе има скок од две места на ФИФА ранг листата.


Пред дуелот со данците, избраниците на селекторот Чедомир Јаневски беа на 80-та позиција, а во новата листа Македонија ќе напредува две и ќе искачи на 78-та позиција.


Иако Данска претрпе убедлив пораз на “Филип Втори“ ќе има напредок од едно место и ќе се најде на 22-та позиција.

На врвот од листата нема промени прва е Шпанија, втора Германија, третопласирана е селекцијата на Аргентина.

Мх.П.