Луис Фелипе Сколари, во четврток, ќе биде именуван за нов селектор на
фудбалската репрезентација на Бразил, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на
извори во Бразилската фудбалска конфедерација.

Сколари, кој со Бразил ја освои светската титула во 2002 година, на
клупата ќе го замени Мано Менезес, кој минатата недела доби отказ. Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Жозе Марија Марин,
во вторникот на новинарите им изјави дека името на новиот селектор ќе
биде објавено во четврток, не надоместувајќи за кого станува збор, но
Сколари беше фаворит за функцијата.

Истовремено ќе биде објавено и името на новиот тимски координатор, кој
ќе го наследни Андреас Санчез. На оваа функција ќе застане Карлос
Алберто Переира, кој со Бразил стана Светски првак во 1994 година.

“Макфакс“