Вчера околу 02 часот и 30 минуи, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање помеѓу две лица од Скопје на возраст од 21 и 17 години, информира СВР Охрид.

Притоа, малолетникот со удар со рака скршил стакло од влезна врата на зграда лоцирана на истата улица. Двајцата се повикани во СВР Охрид по што ќе им бидат поднесени соодветни пријавим, соопшти полицијата.

OhridNews