Утрово во 05.13 часот во СВР Охрид, 27-годишна скопјанка пријавила дека во соба во хотел во Охрид над неа била извршена обљуба од страна на машко лице. По преземени мерки од полициски службеници од СВР Охрид, пријавениот бил приведен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера, пак,  во 17.15 часот, во берберски салон лоциран на улицата „Даме Груев“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред. Вербалната расправија прераснала во тепачка во која 20 годишен охриѓанец со остар предмет, најверојатно ножици, нападнал две лица. Пресметката била прекината со интервенција на полицијата.

Нарушителите се приведени и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информира полицијата.

OhridNews