Полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против 26 годишно лице З.Ф, од скопското село Грчец. Во летниот период на една од плажите во Струга, врз гореспоменатиот е извршен претрес при што се пронајдени 0,4 грама наркотична дрога „кокаин“.

Лицето се товари за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

OhridNews