СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39- годишен скопјанец , за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Во август 2011 година во Охрид на ул. „Кеј Маршал Тито“, од страна на координативното тело за заштита на индустриска сопственост при Влада на РМ, во содејство со Пазарната инспекција- Охрид, при извршена контрола на тезга, пријавениот бил затекнат како продава трговска стока-маици со ознаки на туѓа фирма.

Притоа, маиците во вредност од 42.400 денари биле одземени.

OhridNews