Црвен крст Охрид продолжува со организирањето на вонредни крводарителски акции со цел задоволувањето на потребите од крв и крвни продукти во болниците во Охрид. Во таа насока, во соработка со болницата “Св.Еразмо” на 30.10.2010 г. (сабота) од 10-15 ч., во просториите на болницата, крв ќе даруваат преку 50 крводарители од Здружението на крводарители од МЗ “Даме Груев” од Скопје, за кои автобуски превоз овозможи Локалната самоуправа на Охрид. Акцијата ја помогна и Студио за реклама “Џордано”

Црвениот крст ги поканува и хуманите крводарители од Охрид да се приклучат на оваа акција и даруваат крв за потребите на пациентите во болницата “Св.Еразмо”.  

OhridNews