Црвен крст Охрид и во оваа 2011 година продолжува со континуирани активности на организација и реализација на крводарителски акции. Како резултат на добрата и традиционална соработка со Друштвото на крводарители „Даме Груев“ од Скопје, преку 50 крводарители од Скопје ќе бидат гости на крводарителската акција што Црвен крст Охрид во соработка со Студентскиот дом “Никола Карев”-Охрид,  а со техничка поддршка на Одделението за трансфузиологија од Охрид ќе ја организира на 26.03.2011 г. (сабота) од 10-14 ч. во паркот пред студентскиот дом .

Црвен крст ги поканува нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција.

И овој пат, одржувањето на крводарителската акција ја помогна ДАСС Инжинеринг Охрид.

OhridNews