Навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед бараат резервни солуции за сместување во други градови, откако хотелиерите и приватните сместувачи во Скопје драстично ги зголемија цените во пресрет на Супер купот на Европа кој ќе се одигра на „Телеком арената“ на 8 август.
Незадоволството од навивачите, пред се од англиските кои си резервирале соби во хотелите и приватните сместувачи веднаш после победата на Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа е големо, бидејќи првично резервацијата била прифатена, а потоа одбиена без образложение.
На социјалните мрежи симпатизерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед од Македонија им нудат помош, односно сместување на навивачите кои ќе допатуваат во Скопје да ги бодрат екипите.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги подели влезниците и почна финалното одбројување до фудбалскиот спектакл во Скопје.
OhridNews