Викендов, според измереното ниво на ПМ 10 честичките, Скопје и Тетово се градовите први на листата на најзагадени во Европа. Во Скопје најголемо загадување е измерено во општина Центар и Ново Лисиче. Жителите се жалат дека дишењето е отежнато и дека воздухот во текот на последните неколку денови има чуден мирис.
Со цел да се намали загаденоста, од вчера, во делови од Скопје се започна со прскање на улиците при што се користеше калциум магнезиум ацетат, средство за кое надлежните наведуваат дека е еколошки производ, биоразградлив и дека не е штетен.
OhridNews