Денот на ослободувањето на Скопје  – 13 ноември ќе биде одбележан со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации. 

Во рамки на одбележувањето, ќе бидат врачени и наградите на годинашните добитници на наградата – 13 Ноември.

Од областа на науката годинава наградата 13 Ноември му припадна на д-р Никита Шекутковски, проф. д-р Љубинка  Басотова е добитник на наградата во категоријата образование и воспитување, Бојку Фејзи и Димитар Масевски во областа на уметноста, Борис Поп Ѓорчев во публицистиката,  Бошко Заборски во категоријата спорт, Александар Јаневски – за хуманитарна активност,   Мичо Поповски  во стопанството. Од правните лица наградата ја доби Здружението „Центар за истражување и информирање за животната  средина Еко-Свест“, а пак Иван Антоновски, Таско Смилески и Александар Степановски се годинашните ученици и студенти, добитници на 13. Ноемвриската награда.

OhridNews