Од 25- ти до 27- ми април, во Центарот за култура Григор Прличев, премиерно пред охриѓани  ќе се прикажува Skopje Remixed или Филмот кој ќе го ремиксува Скопје.

Станува збор за девет приказни, десет режисери, еден град – „Скопје ремикс“ е музичко-филмски омнибус од 9 кратки филмови во режија на Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Синиша Евтимов, Јане Алтипармаков и Бојан Трифуновски.

Идејата на овој проект е да се покаже една урбана страна на Скопје, во која ќе се промовираат македонските уметници, покрај младите режисери тука огромна улога играат и македонските музичари а исто така и наши скулптори и мултимедијални уметници, кои имаа можност да бидат дел од овој филм и да учествуваат во него презентирајќи ги своите дела на еден индиректен начин.

Проекциите ќе почнуваат во 20 часот, цена на билетот 100 денари.

OhridNews