Skopje Remixed или Филмот кој ќе го ремиксува Скопје, ќе биде премиерно прикажан пред охридската публика на 25 април 2012 година. По премиерната изведба, филмот ќе се прикажува како дел од редовниот репертор на киното во Центарот за за култура ,,Григор Прличев” на 26-ти и 27-ми април.

„Скопје ремикс “ е музичко-филмски омнибус од 9 кратки филмови во режија на Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Синиша Евтимов, Јане Алтипармаков и Бојан Трифуновски.

Идејата на овој проект е да се покаже една урбана страна на Скопје, во која ќе се промовираат македонските уметници, покрај младите режисери тука огромна улога играат и македонските музичари а исто така и наши скулптори и мултимедијални уметници, кои имаа можност да бидат дел од овој филм и да учествуваат во него презентирајќи ги своите дела на еден индиректен начин.

Проекции ќе бидат со почеток 20 часот, а цена на билетот ќе биде 100 денари.

OhridNews