,,Skopje Remixed” или филмот кој го ремиксува Скопје, утревечер премиерно ќе биде прикажан пред охридската публика. По премиерната изведба филмот ќе се прикажува како дел од редовниот репертоар на киното во Центарот за за култура ,,Григор Прличев” и  на 26-ти и 27-ми април.

„Скопје ремикс “ е музичко-филмски омнибус од 9 кратки филмови во режија на Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Синиша Евтимов, Јане Алтипармаков и Бојан Трифуновски.

Идејата на овој проект е да се покаже една урбана страна на Скопје, во која ќе се промовираат македонските уметници, покрај младите режисери. Тука огромна улога играат и македонските музичари, а исто така и наши скулптори и мултимедијални уметници, кои имаа можност да бидат дел од овој филм и да учествуваат во него презентирајќи ги своите дела на еден индиректен начин.

Проекции се со почеток 20 часот, а цена на билетот ќе биде 100 денари.

OhridNews