Градските ривали од Скопје, Вардар и Металург ќе ги одмерат силите во финалето во Купот на Македонија кое ќе се одигра во Битола.

„Црвено црните“ во првото полуфиналето го преслушаа Пелистер со 46-27, додека „металурзите“ во втората полуфинална битка го совладаа Еурофарм Работник со 28-21.

Во финалниот меч кој ќе се одигра в сабота со почеток во 16 часот и 30 минути Вардар ќе атакува на петтата титула во серија инаку вкупно 13-та, а Металург на шестата.

OhridNews