Обиколницата Скопје која беше затворена по невремето во саботата, од вчера попладне, од 17.55 часот е пуштена за сообраќај во двата правца, информираше Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).


Од АМСМ предупредуваат дека има делови од коловозот кои се оштетени и дека на тие места се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews