“Скопски“ домаќин на Балканското првенесто во маратон
19.10.10 10:10
Викендов во Белград (Србија) се одржа Европска Атлетска Конвенција на која беа организирани неколку настани, како Вонреден Конгрес на ЕАА, Конгрес на Асоцијацијата на Балканските атлетски федерации, Календарска конференција, прогласување на најдобрите и најперспективните атлетичари во Европа, и неколку форуми и работилници.
На овој настан Атлетската федерација на Македонија ја представуваа Дејан Ангеловски стручен секретар во АФМ и Иван Цветкоски член на ИО на АФМ.
На Конвенцијата беа остварени голем број на контакти со повеќе претседатели и генералните секретари на повеќе Балкански и Европски федерации, меѓу кои и со ПотПретседателот на ИААФ, Сергеј Бубка, Претседателот на ЕАА, Хансјорг Вирц, и ПотПретседателот на ЕАА, Свен Арне, кој најави дека ќе ја посети АФМ од 21 до 22 март следната година.
На конгресот на Асоцијацијата на Балканските атлетски федерации по предлог на АФМ за нов претседател со двегодишен мандат беше избран Претседателот на Бугарската федерација, Добромир Карамаринов.
АФМ по подолго време ќе биде организатор на Балканско првенство, конкретно АФМ ќе го организира Балканското првенство во маратон кое ќе се одржи во склоп на Скопскиот Маратон на 8 мај 2011 година.
По кратко боледување на 70-годишна возраст почина познатиот македонски фудбалер Васил Рингов Рингов имаше блескава фудбалска кариера во која го носеше дресот на Беласица, Партизан од Белград и Вард...
Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација, информира ФФМ Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпре...
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.