Поради густа магла и намалена видливост во скопската котлина голем дел од авионите кои утрово требало да слетаат на скопскиот аеродром „Александар Велики“ биле пренасочени кон аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
Според Веб страницата на ТАВ Македонија, утрово кон Охрид се пренасочени вкупно пет авиони кои летале од Виена и Љубљана. Летот на авио компанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул кон Скопје е откажан, додека пак авионот на „Визер“ од Дортмунд наместо во Скопје слетал на аеродромот во Софија.
Според најавите на хидрометеролозите, во теков на денов би требало да се нормализира состојбата со маглата, па постои можност скопскиот аеродром во текот на попладневните часови да биде отворен за сообраќај.
OhridNews