Крилниот кошаркар на Торонто, Скоти Барнс, е прогласен за најдобар дебитант во НБА лигата за оваа сезона.
Барнс во гласањето за „руки“ на сезоната освои 378 бодови, а 48 гласачи му дадоа максимален број бодови, и за 15 бодови го надмина центарот на Кливленд, Евам Мобли, кој 43 пати доби максимален број гласови.

Првиот избор на ланскиот драфт Кејд Канингам од Детроит заврши на третото место во гласањето со 153 бодови.
OhridNews










