Околу 13 милиони денари предвиде охридската локална самоуправа во буџетот за спорт за 2011 година. Најголемиот дел од средствата се предвидени за инфраструктурни зафати во урбаните заедници и развојна програма за масовниот и училишниот спорт, бидејќи како што велат од локалната според постојните закони таа е задолжена да обезбди инфратруктура, но не и директно да вложува во спортските клубови.
Според програмата за спорт на локалната самуоправаза 2011 година, планирани се изградба на нови и санација на постојните игралиште на основните училишта, потоа изградба на соблекувални и помошен терен на Срц Билјанини Извори како и санација на постојните спортски објекти.
Новина оваа година е враќањето на училишните првенства во мал фудбал, одбојка и пинг понг кои ќе се играат од февруари до декември и тоа секоја сабота во седмицата.
– Училишните првенства во мал фудбал одбојка и пинг понг, за основните и средните ќе ги организара сојузот за Училишен спорт. Прво ќе стартуваат мечевите во мал фудбал, потоа одбојка и пинг понг –вели советникот Јоне Станкоски , чии амандмани беа прифатени и вметнанити во буџетот.
Исто така ќе продолжи и праксата да се стипеднираат младите талентирани спортисти на територијата на Охрид, кои постигнале позначителни резултати на државно и меѓународно ниво. – Ќе се доделат 15 стипендии по 2000 денари, а конкурост ќе биде објавен кон крајот на Јанауари – информираше Станкоски.
Преку програмата за уредување на градежно земјиште под точка К е изградба на спортски и детски игралишта, кои ќе бидат индиреткно во функција на масовниот спорт, а доколку се уредат имотно правните односи во буџетот за 2011 предвидени се средсвта за возобновување и реконсктрукција на постоечкиот отворен базен на “Билјанини Извори“.
На спортските клубови, како што беше пракса и ланската година ќе им биде обезбеден само превозот и изнајмувањето на спортските објекти за тренирање и одигрување на натпревари, додека одредни средства ќе може да црпат преку развојните спортски проекти.
Деветнаесет голови на три натпревари виде публиката на првата вечер од јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта На отворањето, освојувачот на трофејот од минат...
Градончалникот на Охрид Кирил Пецаков, вчера оствари средба со Владимир Димитриевиќ, кој како дел од македонската репрезентација учествуваше на Европското Таеквонд-до ИТФ првенство и освои бронзен...
Со натпреварот помеѓу бранителот на трофејот Сатеска и Ночелино, вечерва во Мешеиште почнува јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2025“ Натпреварот почнува во 20:30 часот ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.