Здружението за заштита на животните „Анималиа“, инаку една од најактивните невладини организации во градот, вчера на плоштадот во Охрид организираше хуманитарна акција за собирање средства за лекување на малата велешанка Тамара Димовска која има вродена мана на ‘рбетниот столб.

-Собрани се 2.700 денари. Истите средства веднаш ќе бидат уплатени на сметката за Тамара. Се надеваме дека акцијата ќе биде успешна и ќе се соберат неопходните 30.000 евра што е можно побрзо.-истакнаа органозаторите на акцијата.

Тие не го кријат малото разочарување од одзивот во акцијата, бидејќи неделното попладне многумина го искористија за прошетка низ центарот во градот, а угостителските објекти беа полни со луѓе.

OhridNews