Словенскиот ракометар Сташ Скубе кој најави заминување од Вардар после завршување на оваа сезона кариерата ќе ја продолжи во белорускиот клуб Мешков Брест. Скубе изјави дека клучна улога во изборот на 11-кратниот шампион на Белорусија како следна дестинација биле амбииците на клубот во домашниот шампионат, регионалната СЕХА лига и Лигата на Шампиони.

Среќен сум што направив трансфер во Мешков Брест. Гледам еден добар тим кој ќе биде заедно наредната сезона. Мислам дека ќе имаме и добри резултати во Лигата на шампионите, тоа е една од главните причини зошто доаѓам во Белорусија. Имав контакт со Симор Разгор пред да потпишам, исто така ис о Сандро Обреновиќ. Добив позитивни препораки. Чув дека Мешков Брест е добро организиран клуб и амбициозен. Не знам многу за градот, но важно ми е добро да играме ракомет. – рече Скубе.

30-годишниот ракометар со Мешков Брест потпиша двегодишене договор.

Скубе во Вардар пристигна на почетокот од минатата сезона од тимот на ПИК Сегед. Со екипата успеа да триумфира во Лигата на Шампионите, СЕХА лигата и националното првенство.

OhridNews