„Скудетото“ во италијанската Серија А му се смешка на Јувентус откако на гостински терен го совладаа Сасуоло со 3-1.

Домаќините со погодокот на Заза поведоа 1-0, но тоа беше се што направија на мечот. Аргентинецот Тевез израмни на 1-1, Маркисио донесе водство 2-1, а Љоренте ги постави конечните 3-1.

По 35 натпревари во „Калчо лигата“ бјанконерите се лидери со 93 бодови со осум предност пред второпласираната Рома.

Мх.П.