Момче од с. Брвеница-тетовско е тешко повредено на Машка плажа во центарот на Струга, кога на него налетал скутер, јави Тв „Сител“. 

Поради сериозноста на здобиените повредите по укажаната помош од струшките лекари, момчето итно било пренесено на скопските клиники.

Од 20-ти јули на Охридското Езеро на сила стапува делумна забрана за пловидба на скутерите со мотор посилен од 45 киловати, која ќе се однесува во периодот на најголема фрекфенција на плажите од 11 до 18 часот.
OhridNews